Ратко од Македонска Каменица одгледува растение за кое ќе добие 20.000 евра за еден килограм

  • By admin
  • јули 29, 2021
  • 0
  • 10334 Views

Шафранот е медитеранско растение. Сака жешки и сушни лета, но преживува и ладни зими. Толерира мраз и краткотраен снежен покривач.

Шафранот добро реагира на обилни пролетни дождови и сушни лета. Наводнувањето непосредно пред цветањето го зголемува приносот на цветовите.

Врнежите и ладното време, за време на цветањето доведуваат до болести и го намалуваат приносот. Тој е скапо зачинско растение, така што одгледувањето може да биде погоден начин и да се заработаат пари. Шафранот е најскап зачин на светот.

Зa одгледување потребно да се избере идеална површина за одгледување на шафранот. Потребно е целодневно многу сонце и многу малку сенка. Луковиците се садат во лето помеѓу јули и август. Традиционално шафранот се сади во леи заради добра дренажа.

Можеби не сте знаеле, но ова скапо растение се одгледува и во нашите краишта, односно во Македонија.

За одгледување на ова растение кое носи добра заработка се одлучил Ратко Захариевски кој е од малото рударско градче на исокот од нашата држава, Македонска Каменица.

До оваа идеја дошол благодарение на своите деца кои што живеат во Швајцарија, па така решиле пред две години нивата која е во нивна сопственост со површина од 3,5 декари да ја засадат со шафран.

Ратко во изјава за Агротим.мк вели дека луковиците ги набавив од Холандија, некаде околу 30 илјади парчиња за кои платил 6.000 евра.

Како што објаснува некаде отприлика за еден декар површина е потребно околу 10 000 луковици, кои, бидејќи шафранот е триплодно растение, за наредните три години ќе станат сто илјади. Веќе во четвртата година се постигнува родот, а после тоа следната година мора да се смени парцелата и на нејзино место да се засади друга култура, а луковиците да се пресадат на друга нива.

Ратко вели дека од 3,5 декари набрал 1 кг шафран, што е одлично затоа што ако се земе предвид дека цената на килограм од овој зачин изнесува од 18 000 до 20.000 евра тогаш заработката е одлична.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *