Пожарот кај Кочани го зема данокот: Пожарникат и граѓанин што гаснеа завршија во болница

  • By admin
  • јули 29, 2021
  • 0
  • 10186 Views

Веќе втор ден во близина на Кочани на неколку локации има пожари кои што сериозно денес се доближија до првите куќи во градот.

Доцна попладнево по бројни апели и молби, пред да дојде ноќта во локализирање на истиот конечно дојде еден хеликоптер на Армијата, а не како што пренесоа многу медиуми два.

Сепак поради тоа што во ноќни услови хеликоптерот не може да биде оперативен, истиот се повлече, па остнаа повторно од копно да се локализира.

На терен имаше над 400 луѓе, во најголем дел месно население кое се самоорганизираше и застана на патот на огнот кој сериозно се доближи до две цркви.

Освен пожарникари од Кочани, на терен иманивни колеги од Виница, Штип, Македонска Каменица и Пробиштип, како и од Национални шуми и од комуналното претпријатие Водово.

На терен пристигна и директорот на Центарот за управување со кр изи Стојанче Ангелов кој информираше дека пожарот се уште е активен и не е локализиран, но е ставен под контрола.

Еден пожарникар е полесно пов реден при вдишување на чад за време на интервенцијата за гаснење на големиот шумски пожар над Кочани.

– При интервенцијата кај еден пожарникар дојде до загу шување од вдишан чад, но веднаш интервенираше екипата на Брза помош. Пациентот е хоспитализиран, дадено му е кислород и сега е во стабилна состојба, информираше Александар Серафимов, директор на Општа болница со проширена дејност Кочани за локалниот сајт Гласно.мк

Освен повр едениот пожарникар, медицинска помош побарал и граѓанин кој учествувал во гаснењето на шумскиот пожар. Тој се здобил со пов реда на долните екстремитети и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

 

Од болницата во Кочани информираат дека екипа на Брза помош превентивно била присутна на локациите на опожарените места.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *