Ивона Талевска на средба со Александар Вучиќ, па испрати порака за што се залага

  • By admin
  • јули 29, 2021
  • 0
  • 7157 Views

Долги години Ивона Талевска вазеше за една од најдобрите и најубави тв презентерки и беше препознатлив лик на Сител ТВ.

Но веќе неколку години се повлече и ја нема на малите екрани иако таа и понатаму е активна во својата професија, новинарството.

Како што е познато Ивона Талевска е актуелен претседател на Македонската асоцијациј ана новинари (МАН).

Таа денес ја искористи посетата на претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ да оствари средба со него и да му врачи благодарници и притоа истакна:

-Со целосна поддршка, хуманост и солидарност на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, МАН и УНС први ја спроведовме најхуманата и најмасовната опе рација за спасување на животите на медиумските работници со обезбедување вакцини против Ковид 19.

Благодарение на претседателот на Србија, ја отворивме вратата за вакцинирање на над 10.000 луѓе во регионот од различни сектори.

Ова е само еден пример за успешна регионална соработка помеѓу Македонија и Србија во ова време, невреме на светската пандемија, кога само оние со силна волја и визија успеваат да излезат како победници.

МАН целосно ја поддржува силната регионална соработка

Затоа, МАН предлага формирање регионална, Балканска асоцијација на новинарски асоцијации.

Заедно да соработуваат новинари од балканот да разменуваат информации за статусот и проблемите на новинарите, да разменуваат искуства и заеднички да предлагаат решенија за медиумски реформи, борејќи се за правата на секој од нас и за побрзо постигнување на европските стандарди

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *