Жељко бесплатно дели бели пецива: Парите не ми се важни, треба да има оброк за сите

  • By klaster2
  • февруари 23, 2023
  • 0
  • 140 Views

Неодамна во Кикинда се отвори пекара која не е како ниту една друга и се разликува многу а пред се поради една работа а тоа е хуманоста.

Се разликува од другите по тоа што на секоја состојка се додава зачин наречен хуманост кој е клучен во човековото живеење.

Жељко Станисављев, голем хуманист и сопственик на пекара во Кикинда, раскажува што го издвоило во морето на други пекари.

– Секој ден донираме оброци во текот на цела смена. Мене ми остануваатво просек по десет килограми бели пецива дневно.

– Самиот потег ми прави многу лесно да се чуствувам и исполнето, не сум јас богат, но ме погодува не среќата на другите луѓе.

Слоганот пред пекарницата гласи: „Никој да не е гладен“. Овој гест наиде на голем ентузијазам кај жителите на Кикинда.

Според Станисављев, омиленото нешто му е тоа што овој гест ја разбудило емпатијата кај другите луѓе, кои покрај тоа што си купуваат, купуваат и нешто што можат да го дадат за оние кои не можат да си дозволат храна.

– Овој потег треба да го следат и останатите, треба да донираме и да дадеме таму каде што е најпотребно, вели овој хуман човек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *