Пејачот Дарио: На овој народ многу му фали забава, аман више од вести

  • By klaster3
  • мај 30, 2022
  • 0
  • 226 Views

Македонскиот пејач Дарио Панковски е еден од нашите најдобри изведувачи, пејач кој има кариера на која многумина можат да подзавидат.

Тој е еден од ретките македонски музички поп ветерани, познат како пејач и како автор, кој се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин.

Тој ретко медиумски се експонира, а во јавноста е присутен само тогаш кога има да пренесе важна порака со суштинско значење.

Дарио Панковски својата музичка кариера ја започна уште во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хи тови од тоа време се:

Добрите девојки, Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.

Во 1992 година била формирена групата Дарио и Ми г-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бак терија“.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.

Во пресрет на неговата нова песна ,,Какви се овие времиња” екипата на Бекстејџ по подолга пауза од тв екраните разговарше со Дарио.

– Тоа што луѓето живеат во ла жни животи, што се живее на социјални мрежи, што не се живее на улица со комуникација со луѓе не е мој проблем, тоа генерално секаде се случува.

– ,,Какви се овие времиња” е песна балада која покажува една вистина, но постои и су рова вистина кој никој не сака да ја каже. Јас ја кажувам сур овата вистина, каква и да била.

Јас низ песната го кажувам моето мислење, имам ре волт, работите не одат на арно. Треба да се вратиме на некои наједноставни работи кои ги имало порано, да започнеме со домашното воспитување кое е изгубено во последно време.

– Песни добри има и дај Боже да има што повеќе. Задоволен не сум од музичката сцена, но поединечно се случуваат многу работи. Има добри песни.

А на македонската сцена треба многу, многу да се поработи. Само ние не треба да сме тие нај глупавите што ги отвараат широко вратите за сите странци.

Во соседството земјиве ги затварат вратите кога ќе видат дека можеш нешто да ги заг розиш и тоа е паметна политика, но тоа не е до мене. На овој народ многу му фали забава, аман више од вести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *