Илина од Скопје иако е само 10 години веќе плете одлично со што влева надеж дека занаетот ќе опстои долго

  • By admin
  • мај 30, 2022
  • 0
  • 411 Views

Мене плетењето ми е најубаво затоа што ме релаксира, убаво ми е и уживам во плетењето, вели Илина пред обејктивот на ,,Види Вака”

Илина Гајтаноска со само 10 години успешно изработува плетени играчки. Желбата да плете и се родила преку видеа што ги гледала на интернет.

– Најпрво на Јутјуб видов едни видеа за луѓе како плетат најразлични работи, сакав да пробам да видам како ќе се снаоѓам.

– И се пронајдов во тоа и ми е доста интересно. Најмногу сакам да плетам играчки, бидејќи тие ми се најинтересни за плетење.

– Најомилена ми е змијата, бидејќи таа е долга и доста интересна за изработка, вели Илина која е доказ дека плетењето се уште опстојува.

– Во слободно време плетам и си играм со другарчињата, но сепак фокусот го поставувам на плетењето, вели малата Гајтаноска.

Илина сака на своите другарчиња да им подарува играчки што таа ги изработува. Посакува ваквите занаети да можат да се стекнат и во училиште.

– Би ми било доста интересно, доколку плетењето го има и во училиштето и да има некој предмет поврзан со него, додава Илина.

Илина со своите прсти да создава плетечки ремек- дела и вели: Јас би им препорачала на сите да се пробаат во плетењето.

– Или пак нешто друго што ги интересира на интернет можат се да најдат и така да прозиведуваат нешто и да си го пополнат денот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *