(ФОТО) Лазар Бараков се огласи од плажа – покажа со кого ужива на море

  • By klaster3
  • мај 30, 2022
  • 0
  • 258 Views

Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.

Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко долги години е омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.

Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград.

„Тие гладни години, 72 година, бев само две години во Белград, и потоа заминав за Австрија. Во Виена останав две години, работев разни работи, учев јазици.

Потоа, кога се вратив во Македонија, од носталгија, на моите им беше желба да студирам нешто друго, да студирам медицина. Јас отидов во Софија, и бев примен и на глума и на медицина.“, рече Бараков.

„Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.

-Фала богу, Бог ми дал три деца, фала Богу да беа 13. Поголемата ќерка е психолог, помалечката е архитект, синот уште лута, уште е студент, работи на себеси, да се најде“, откри Бараков за своите деца.

По многу години Бараков и колегитесе обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Бараков е доста активен на социјалните мрежи, секојдневно споделува по нешто, било да е тоа некој спомен, интересна фотографија или снимка од неговото семејство и милениците.

По објавите се гледа дека фамилијарно навистина се поврзани со животните, па си чуваат кученца, мачиња и ги третираат како дел од семејството. За тоа сведочеше и последната фотка на Бараков кој заедно со миленикот Денис уживаат на плажа.

„Со Денис на море, на стариот ни Беломорски крај…“, на што следеше коментар „Колку гемии и узо потопивте и колку тајнири им испокршивте на фанарјотите?“, но и Лазар имаше што да одговори:

„Узо многу потопивме, гемиите ги пазиме , национална ни’ гордост се“, објасни тој. Неговата ќерка Викторија истовремено на нејзиниот профил откри дека се наоѓаат во Грција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *