Перо: Ние во Германија едвај крај со крај сврзуваме, а тие ни викаат бате пратете пари да ја поминеме зимата

  • By klaster3
  • септември 21, 2022
  • 0
  • 272 Views

Отсекогаш западните земји важеле за земји од соништата кога станува збор за македонските работници. Неброено многу Македонци заминаа или планираат да заминат да работат таму.

Без разлика дали ќе биде тоа Германија, Австрија, Швајцарија – поголемите плати и подобриот стандард секогаш ги привлекуваат луѓето.

Иако се соочуваме со кри за во секој поглед од општеството – покачување на сметките за струја, дрва, вода, енормно големите цени на прехранбените продукти, луѓето мислат дека ако отидат во странство ќе си го најдат ле кот.

Еден наш читател Перо В. кој моментално живее и работи во Германија, испрати писмо до редакцијата во кое сака јавно да го изрази не задоволството од неговите роднини. Го пренесуваме во целост.

„Како човек кој веќе повеќе од 20 години живее и работи во Германија можам да кажам дека она со што се соочуваме денес не било во минатото.

Долги години сум тука и знам дека секогаш сум можел да тргнам пари настрана за да можам јас или моите деца да си дозволиме некој луксуз, ама сега гледам дека веќе не е така.

И тука сметките почнаа вртог лаво да растат. За пример, ените на енергентите во август беа повеќе од двојно повисоки од истиот месец лани.

Храната поскапе според податоците за 22,3 отсто. Скокнаа и производствените цени на непреработените растителни масла повеќе од половина. Млекото и кафето поскапеа за една третина, а месото за четвртина, отколку во август 2021 година.

И ние едвај крај со крај сврзуваме овде периодов, а замислете, мојата сестра и зет ми се јавуваат постојано со барање да им пратам едно 600 700 евра.

Не дека е нешто голема сумата, ама како да одвојам од мојот буџет кога и на нас четиричлено семејство тука ни требаат пари. Па со тие пари ќе се прехранувам.

Им биле скапи дрвата, веќе надминале и 5.000, а немале толку заштеда, па ајде бате прати пари да има со што да ја поминеме зимата.

Како кај нас парите на дрва да растат, така им се чини на Македонците долу. Ни Германија веќе не е тоа што беше.

Наместо да кукате дека немате пари, престанете со шетањето секој викенд по различни локации – на ова езеро, на она езеро, на вила, во новоостворен ресторан – епа ние тука не шетаме.

Знам дека е тешко и 100 евра да се заштедат месечно во Македонија, но сами ако не си водите ред на парите, нема кој да ви помогне.

Има илјадници семејства кои периодов не можат ни редовните сметки да си ги платат, а камоли да издвојат толку пари за дрва. Снаоѓајте си се сами, од мене пари не барајте.

Доста ви давав на времето, само не сакам сега да зборувам. Кај нас си постои тоа правило – ако отиде некој од фамилијата во странство, автоматски е полн со пари и треба д ги издржува другите. Е не е така, мои господа.“

Автор: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без одбрение од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *