Д-р Нико Беќаровски искрено си кажа кога Македонија како земја ќе биде пристојно место за живеење

  • By klaster3
  • септември 21, 2022
  • 0
  • 193 Views

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија е мошне активен на социјалните мрежи со своите совети, а така беше и овојпат.

Тој скоро секојдневно знае да сподели по некој статус било да е тоа од областа на здравството било да е од секојдневниот живот.

Така, тој овојпат реши да посвети статус на македонскиот менталитет прашувајќи се како може македонскиот народ да биде толку зл обен и зошто секогаш се меша во туѓиот двор.

„Да му црк не козата на комшијата. Во народните изреки и поговорки велат е исталожена целата мудрост на еден народ.

Многу “наши” изреки, ако малку поопсежно и потемелно изгуглате, ќе откриете дека истите или многу слични, може да ги пронајдете кај нашите соседи или кај многу, многу далечни народи.

Сепак моите интензивни напори, да пронајдам еквивалентна изрека, на нашата “Да му цр кне козата на комшијата” сепак не вродија со плод.

Што е тоа кое го буди малото зл обно човече на овие простори ??? Која е таа необјаснива ма гија која го прави комшискиот двор толку поинтересен од сопствениот ???

Каде е скриен малиот ѓав ол, кој не прави посреќни на туѓа несреќа, отколку горди на сопствените успеси ???

Странците кои доаѓаат во Македонија, секогаш ја изразуваат и фалат нашата гостољубивост, но веднаш кога тие ќе заминат, спремни сме меѓусебно повторно да се ист ребиме.

Премногу малку останавме за и понатаму вака да егзистираме. Македонија ќе биде пристојно место за живеење кога во нашата богата ризница за изреки и поговорки, ќе ја имаме “Да му се окози козата на комшијата”.

Ако се окози комшиската коза, ќе има “млеко” и за нас.За крај уште една поговорка на еден непоправлив оптимист “Надежта последна умира”.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *