(ФОТО) Џамбазов ја омажи внуката – тој се пофали дека е старосватица

  • By klaster3
  • септември 21, 2022
  • 0
  • 259 Views

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.

Како што е познато Џамбазов пред извесен период упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи нагласувајќи дека веќе не сака да им пее се дури носат пејачи од страна.

На промоцијата на неговото дело “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, беше објавено дека Игор е добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.

Тој еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Џамбазов долг период е заедно со планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Игор Џамбазов ја обожава природата, сака вода, сонце и убава енергија, па токму затоа веќе со месеци се буди и заспива со поглед на Дојранското Езеро.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто. Откако се активираше, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 105.000, редовно може да видат и прочитаат негови инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.

Така овојпат сподели убави фотографии од свадбена прослава, поточно венчавка, на неговата внука Марија Прличкова со нејзиниот вереник.

Венчавката се одржа во природа заедно со најблиските, а по тој повод Џамбазов напиша: Денес ја омажив внучката…Најдесно е зетчето Емил Нешовски , до него невевчето, Марија Прличкова-Маци

Плус Искра Спарк и јас, двете старосватици…Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!!Подарокот е од Илина Арсова , и ни фалеше многу…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *