Панчо ДНК: Кога ќе останеш без зборови и сфатиш дека на светот сеуште постојат добри луѓе

  • By admin
  • март 18, 2021
  • 0
  • 1304 Views

ДНК е една од најпознатите македонска поп група основана во далечната 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Вечерва тие преку својата официјална страница објавија пост во кој што вели:

Дечки не можеме да ви кажеме колку сме ви благодарни за оваа поддршка и купување на нашето ЦД и ДВД издание.Ова се првите 4ца од Скопје кои најбрзо реагираа, а Панчо и Андреј лично им ги доставија.

Ви благодариме што го споделувате и постот, а ние можеме само да ви кажеме едно големо ФАЛА , да ви испратиме многу ЉУБОВ и да ви ветиме уште многу нова музика во периодот кој следува.

Да ве потсетиме дека изданијата можете да ги купите и нарачате исклучиво онлајн на нашата ФБ фан страна DNK и на нашите приватни ФБ и инстаграм профили @djshortypofficial @andrejdnk.

Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас ☺️ Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе.

Цените на изданијата се следниве: “Најдоброто од ДНК” / 500ден. ДВД / 600ден. = 1000ден.

Овој пост го сподели и Владимир Блажев, попознат како Панче и напиша:

Кога ќе останеш без зборови и сфатиш дека на светот сеуште постојат ( добри) ЛУЃЕ кои воопшто не ги познаваш, а ти даваат поголема поддршка од оние кои ги познаваш и ти се на некаков начин “пријатели”. Фала ви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *