(ФОТО) Малку среќа и за Љупче од Штип: Веќе денес доби голема помош од многу места

  • By admin
  • март 18, 2021
  • 0
  • 4341 Views

Сторијата за 23 годишниот самохран татко од Штип, Љупче Смилев допре до многумина. Како што е познато тој останал сам да се грижи за синот Андреј, а притоа не е вработен.

По неговата сторија објавена од ТВ Алфа пред десетина дена, а откако вчера Кластер.мк ја реобјави, допре до многумина.

Веќе денес Љупче и синот Андреј добија голема помош од многу места. Докажаниот хуманитарец од градот Штип, Александар Ѓоргиевски и овојпат се докажа на дело, а вечерва на својот профил на фејсбук објави.

Дечки ајде сега вака да бидеме коректни како и секогаш за Љупче и неговиот малолетен син мислам и тврдам дека веќе е обезбедено се. Фалат ситници и ве молам сите што сакате да донирате веќе овде немате потреба.

Можете да ги донирате на друга фамилија или да донирате во ЦРВЕН КР СТ, верувајте има и многу други фамилии на кој треба да и се помага.

Јас у наредните три дена ќе се потрудам да му ја обелам собата и 100 % ќе биде обновена. Веќе му обезбедив и нов кревет на таткото. Ќе ми треба уште комода за телевизорот да се очисти дезинфекцира собата и тоа е се !

ОВАА мисија е ЗАВРШЕНА УСПЕШНО за еден ден нема потреба веќе никој да донира ни цент.

Ве молам не ми пишувајте не ме барајте од никој веќе ништо нема да примам затоа што обезбедив се што беше потребно а кога ќе има друга акција ќе ве информирам како и секогаш јавно и транспарентно ! Александар Горгиевски.

Претходно тој на својот профил исто така објави:

Шпоре мини обезбедено. Фрижидер обезбедено!Тостер обезбедено! Телевизор лед 43 инчи обезбедено! Правосмукалка обезбедено!
Креветче за детето обезбедена! Лустер обезбедено! Количка за детето обезбедено! Корито обезбедено! Храна облека комплет се обезбедено!

Благодарност и до Црвен К рст, Викторија Милановска. РЕСПЕКТ! Влатко Новаков,РЕСПЕКТ! Буквално се e НОВО што е обезбедено. За 2 саата. СРЦКИ. Сега ги носам на фамилијата. Александар Горгиевски Штип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *