Бране: Ни на крај памет не би ми текнало дека ортакот Саше ќе ми направи вакво нешто

  • By admin
  • март 18, 2021
  • 0
  • 1313 Views

Кога само би знаел дека луѓето знаат да си ја покажат својата лоша страна, и покрај сè, не би помагал никому. Се сеќавам како мал колку многу слога имаше помеѓу возрасните, а и децата.

Кога се работеше сите заедно работевме и никој никому не мислеше ни да напакости ни па да го измами. А сега, сега не можам а да не го искоментирам однесувањето на луѓево. Дури ни братот, ни најблискиот пријател веќе не ти мисли добро.

Вакво искуство имав и јас. Иако не верував никогаш, ете се случи. Сè од најдобриот пријател. Не сакам да зборувам зад грб, само сакам да ве предупредам на што да бидете спремни.

И јас и Саше како и сите надежни млади луѓе бевме упорни и сакавме да заработиме за леб. Не бевме многу добри ученици и се знаевме уште од школските клупи. Така си фативме свој занает и одлучивме да се заортачиме. Ех, на тогашните 20 години сè ни беше лесно. Сите од страна ни велеа дека баш сме имале среќа да ни се спојат коцките како што сакаме.

Искрено сега малку ми е криво што му помогнав тогаш. Во тоа време татко ми држеше механичарска работилница, и нормално Саше и јас си одевме како чираци кај него и научивме многу. Ем му помагавме на татко ми, ем ние си го одредивме занаетот. По извесно време, се знае, почнавме да работиме и за свој денар. За жал татко ми си замина и останавме сами.

Го примив другарот кај мене, вложивме многу средства за да ја проширам работилницата. Од претходно татко ми си створи муштерии, беше добропознат во градот, па полесно беше и за нас. Потреба од занает никогаш доста, штом возиме автомобили секогаш има потреба од поправање. Знаете ни врвеше бизнисот како никогаш дотогаш.

Си правевме добра пара, годините си минуваа, се оженивме и навистина не можев да се пожалам од ништо. Бевме повеќе од најдобри пријатели, како вистински браќа. Арно ама очигледно сум бил наивен и премногу сум му верувал. Човекот излезе дека само имал прилика да научи, да почне со работа и кога ќе му се пружи можност да ме продаде.

Во периодот кога мислев дека ни цвета работата, дознав, и тоа преку сосем трети лица дека овој си правел муабет со нашата најголема конкуренција во градот и се понудил да работи со него.

Ништо не му спомнав нему, чекав момент тој да ми каже, но се чувствував толку разочарано и изневерено што не сакав ни да го видам. Доаѓаше отпосле на работа уште некое време дури не дојде ден кога ми рече денес не можам да дојдам, имам работа.

Не сакаше да признае што се договорил и така зад грб се измолкна од мене и почна да работи кај другиов. Никогаш не очекував дека може да ми го направи тоа. Не знам што му погрешив за така да ме изневери.

Сè што можев му пружив, се учеше кај мене, во мој простор работеше и го ценев неговото пријателство, а тој вака ми врати. Да почнеше во своја работилница немаше толку да се лутам, ама вака, со човекот со кој всушност се натпреварувавме на пазарот.

А се сеќавам и колку пати зборуваше против него, ама ете, сигурно му понудич многу повеќе пари, друга причина не гледам. За са биде уште полошо немаше никакво објаснување, не дојде ни да зборува со мене туку се јави само да му пуштам пари в банка за да се раздолжиме.

Можеби изгубив пријател, но стекнав уште едно искуство и сфатив дека можеби е подобро човек сам да се снаоѓа и работи, отколку да дели со некој близок кој не знаеш каков човек ќе излезе на крај.

Обработи: Д.С.

Фото:Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *