Оливер од Штип во солзи: Сакам да си ја вратам ќерката назад, сакам да ми помогне некој

  • By klaster2
  • март 20, 2022
  • 0
  • 534 Views

Оливер Симонов од Штип има само 33 години, имал тешко детство а и во младоста не живее убаво. Сопругата го напушта и го остава со детето.

Бил дете на разведени родители, бил повлечен и често го исмејувале во младоста. Пред некоја година решава да се ожени и да створи семејство.

Пред три години го добива најголемиот подарок во животот, ја добива ќеркичката. Но среќата кратко трае, сопругата го напушта и се премажува за друг.

А тој е приморан детето да го даде во дом. Денес е бо лен, растажен, нема функционална бања и тоалет, нема бојлер, ниту минимални услови за живот.

Во некој моменти поради та га размислувал да крене рака на себе. Вели дека сака да му помогнат да си го врати детето, бидејќи деноноќно мисли на нејзе.

– По потекло сум од Свети Николе, живее со татко ми, по неговото заминување одлучив да се оженам но таа среќа не траеше долго, вели пред објективот на ,,Срце на Дланка’ Оливер.

– Ми го доделија овој стан, но јас немам ниту перална, ниту бојлер, глувците се овде цело време, од проблем на проблем.

– Ми недостига ќеркичката многу, вели Оливер низ солзи, човек кој не може ниту да работи поради здраствените проблеми ниту да си обезбеди пристоен живот.

– Една година не сум платил кирија, имам парична помош од седум илјади денари. Со тие пари што попрво, дали јадење, дали кирија, дали за лекови…

– Долгот ми е 500-600 евра за кирија, но сопствениците ми прогледуваат низ прсти, но тоа нема вечно да трае, додава Симонов.

– Често сум без храна, ми даваат некој соседи или позајмувам. Знам да молерисувам, но поради здраствената состојба не можам да работам.

– Многу ја сакам ќерката, сакам да ја вратам, но некој треба да ми помогне, немам услови за да ја чувам, да ја перам и слично.

– Една година не сум се капел, немам каде, кај мајка ми во село одам таа ме пере. Одам и се бањам во Кежовица кога имам можност.

– Имам шеќерна бо лест, бел леб не смеам да јадам, а црниот леб го направија 40 денари и како да издржам, вели разо чарано Оливер.

– Немам сила повеќе, немам ниту среќа. Седум пати се имам обидено да си го одземам животот. Мене социјалната помош не ми стигнува ниту за лекови.

– Ми помагаат некој пријатели, но не можеш да чекаш од нив. И јас сум хуман, сум ја дарувал најскапоцената течност над 30 пати, но сега не можам ниту да дарувам.

– Судски ако се оставам со сопругата ќе го изгубам станот, ако не плаќам кирија повторно ќе го изгубам и кога ќе видиш никако не бива. Ако ме избркаат ќе треба да одам под шатор.

– Ако би имал основни услови за живот, со тоа значително би можел да ја вратам ќерка си. Не знам како ќе издржам, вели во солзи овој човек кој поминал многу во животот.

– Доколку сакате да му помогнете на Оливер да си го среди животот и да си ја врати ќеркичката тоа може да го сторите на телефонскиот број 074-240-541 или пак на жиро сметката 240317010511132 Уни Банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *