Јасмина: Се вљубив во бездомник пред супермаркет – сега сме во брак и имаме две деца

  • By klaster3
  • март 20, 2022
  • 0
  • 655 Views

Доказ за тоа дека навистина постојат необични љубовни приказни е сведошт вото на Јасмина Гроган која сегашниот сопруг го запознала на невообичаен начин.

Девојка сакала да му помогне на бездомникот кој го забележала пред супермаркетот и не претпоставувала дека еден ден ќе биде во брак со него и ќе има деца.

Му понудила пари, но тој не ги прифатил. Напротив, се понудил дури да и ги носи кесите наместо неа.

„Еден ден сретнав бездомник кај супермаркетот. Му понудив пари, но не сакаше да ги прифати. Влегов во маркетот да пазарувам, но не можев да престанам да мислам на него.

Излегов надвор и го прашав дали има начин некако да му помогнам, но тој пак ме одби“, започнува Јасмина и додава:

„Ме праша дали мене ми треба помош со носење на кесите до такси возилото што ме чекаше. Јас прифатив и го прашав дали сака да му донесам нешто да јаде.

Му беше непријатно, но прифати, па се договоривме заедно да излеземе на вечера“, објаснува Јасмина. Како што вели, воделе долг разговор за неговиот живот, а за да останат во контакт и после вечерата Јасмина му купила мобилен телефон.

„Ми го разубавивте денот, многу сум Ви благодарен за се, неверојатни сте. Не можам да престанам да мислам на Вас“, била пораката која бездомникот и ја испратил на Јасмина.

Не му го прифатила заблагодарувањето туку го поканила повторно на ручек и оттогаш веќе почнале да се гледаат, го однела и кај неа дома.

„Му дадов нова облека и му понудив да преспие, но на крај остана многу повеќе од една ноќ. Веднаш се вљубивме, чувствував дека тој е вистинскиот за мене.

Беше толку добар и фин кон мене. Оттогаш не се разделивме“, вели Јасмина.

Јасмина окрива дека биле на неколку состаноци поради што тој одлучил да се погрижи за својот изглед –ги средил брадата и забите и нашол работа, а денес се во брак и имаат две деца.

„Се радувам што патиштата ни се вкрстија и верувам дека се се случува со причина. Тој ми го направи животот многу подобар и сега не можам да замислам да бидам без него“ , додава Јасмина.

На социјалните мрежи се секојдневно активни и објавуваат заеднички фотографии.

Следбениците на Јасмина ја нарекуваат „ангел на земјата“ и се согласуваат дека таа на вистински начин покажува и докажува што значи вистинската љубов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *