(ФОТО) Не би ја препознале: Лила Филиповска објави фотка од себе од пред 23 години

  • By admin
  • март 20, 2022
  • 0
  • 711 Views

Лила Филиповска е една од нашите најпопуларни водителки, а во последно време и инфлуенсерки. Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила.

Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице. Лила веќе десет години го води квизот „Се или нешто“ за кој рече дека ѝ е голема љубов.

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Лила на својот профил на Инстаграм објави често фотографии и речиси да нема ден, а да нема барем по една фотографија.

Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.

Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните:

„Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“. По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја оставила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов.

Токму од овој период, поточно од далечната 1999 година Лила објави фотографија за време на квизот Енигма. Општ впечаток е дека изгледа многу поразлично од сега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *