Новинарката Мирослава: Од прилично добри извори знам дека мерките за индискиот мутант се спремни

  • By admin
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 11352 Views

Во Македонија по трите случани на заразени со делта варијантата, потврден е и четвртиот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Вели дека станува збор за пациент кој е хоспитализиран во болницата во Велес и пациентот е со лесна клиничка слика. Истовремено, вели министерот, се чекаат резултати за уште четири пациенти.

-Тие се лекуваат тука во Скопје, само еден од четворицата има по тешка клиничка форма и е на респраторна машина.

Се прави скрининг на тестовите и секаде каде што скринингот нема да покаже дека станува збор за британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди евентуално индискиот сој и резултатите ќе треба да ги имаме вечерва за овие четири пациенти, рече Филипче.

Од Министерството за здравство, информираат дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот не е вакциниран против Ковид 19.

Индискиот или делта сој на коронавирусот побрзо се шири од другите соеви.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19:

Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1. Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.

Познатата македонска новинарка Мирослава Бурнс кој работи за Слободен Печат на својот профил на фејсбук денес сподели статус во кој вели:

Од добри, прилично добри извори во Комисијата за заразни болести, знам дека мерките за индискиот мутант на коронавирусот се спремни како сценарија и пакети.

Се чека само бројот да рипне, епидемиолошката слика да се влоши, болнициве да се полнат, да има некаква основа за рестрикциите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *