Кристина Арнаудова со голем потег за самохрана мајка со две деца и баба и дедо во Штип

  • By admin
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 3211 Views

За популарната македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова добро познато е дека во последен период е активна како водителка и тоа во хумана акција.

Арнаудова која е докажан хуманитарец веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

-Проект Куќа, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година.

Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.

Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.

Кристина Арнаудова се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели убава вест во која се вели:

-Во Штип Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina работи на тотално реновирање на дом, каде живеат самохрана мајка со две деца, со баба и дедо.

Вредни и прекрасни луѓе, на кои им треба подадена рака за да имаат нов почеток! Денес на објект бев со сите мајстори, кои веќе работат турбо, и се надеваме дека домот ќе добие сосема нов лик и ќе биде топол дом но и функционален за сите членови на семејството.

За овој дом ни недостасуваат донации во мебел и материјални средства за мајстори, па сите компании или физички лица кои би сакале да се вклучат се повеќе од добредојдени!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *