Градот во кој живее голема бројка од македонската дијаспора прогласен за најдобр во светот за работа

  • By admin
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 6974 Views

Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници. Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци.

Голем дел од нив живеат и работата во Мелбург, град кој е прогласен за најдобар во светот за работење од далечина, според рангирањето на платформата за сместување по барање „Nestpick“, цитирана од „CNBC“.

Мелбурн е многу ценет за факторите за добро живеење како што се безбедноста, здравјето, културата и забавата, како и инфраструктурата за телекомуникациска работа.

Тој е исто така единствениот град во првите десет, кој ја нуди визата „дигитален номад“ – специфична виза или еквивалентен документ што им овозможува на самовработените или вработените во компаниите во друга земја да влезат и да работат во земјата.

Други градови кои нудат ваква виза се Загреб, Прага, Лисабон, Рејкјавик, Талин, Атина, Сиднеј, Дубаи и Мексико Сити.

Во истражувањето на „Nestpick“ учествувале 75 глобални градови избрани од платформата засновани на локации кои честопати се нарекуваат дестинации „за најдобро живеење“.

Градовите потоа беа оценети во три широки категории – цени и инфраструктура, законодавство и слободи и добар начин на живот. Во однос на цените и инфраструктурата, на пример, беа земени предвид цените и достапноста на соодветен деловен простор во домот.

Во случајот на Мелбурн, просечната кирија по соба во стан е 681 евра месечно. Сан Франциско има највисока закупнина за соба за канцеларија во дом со 1.736 евра месечно, а Рио де Жeнеиро е градот со најниска просечна закупнина од 119 евра месечно.

Покрај тоа, „Nestpick“ го зеде предвид процентот на население целосно вакцинирано против Ковид-19 во секој град како индикација за реакцијата на владите на сегашната здравствена кр иза.

Омер Кучукдере, извршениот директор на „Nestpick“, вели дека пандемијата на коронавирусот принудила многу луѓе да ги проценат своите лични приоритети, откривајќи ги придобивките од флексибилноста на работата од далечина и предизвикувајќи го прашањето: „Дали е навистина можно да се работи од каде било?“.

Кучукдере исто така забележува дека пандемијата ги принуди луѓето со високи примања да ги напуштат „градовите насочени кон деловно работење и да живеат во места што нудат подобар начин на живот, земајќи ја со себе нивната куповна моќ“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *