Марјанчо од Прилиеп од најпзонат лик на сцената до просјачки стап

  • By klaster2
  • мај 23, 2022
  • 0
  • 311 Views

Пред повеќе од десеттина години музичкото шоу ,,Македонски идол” беше едно од најгледаните и најпопуларни натпреварувања.

Каде многу пејачи токму преку овој проект се вивнаа на музичката сцена, а имаше и такви кој стекнаа популарност поради нивниот настап и често не насмевнуваа.

Баш таков натпреварувач беше Марјанчо Костовски од Прилеп, кој со својот говор и настап ги насмеја сите и стана доста популарен во јавноста.

Но за жал од тогаш до сега неговиот живот многу се променил, тој е доведен со еден збор до просјачки стап, а неговиот познаник Даниел Кочоски преку социјалните мрежи отворено зборуваше за се што доживува Марјачно и побара помош.

,, Марианчо Костовски е суперхе рој од Прилеп-познат по видеото од Идол. Идол мој со кој седам секоја вечер пред домот за култура Марко Цепенков и пијам пиво.

Лик со големо срце и душа. Државата има кренато раце од него има преголем долг во ЕВН, нема струја, нема вода, нема греење, нема кров, нема роднини, нема родители, нема ништо и покрај тие сите нечоечки услови тој е позитивен со сите прилепчани.

Има приход од Тобако со делење на лото. Има храна од сите угостители во цела чаршија. Секоја чест за нив !!! Има социјална помош од 5000ден.

Која му ја укинуваат доколку се согласи да живее во домот за старци и мора од 21:30 да се прибере таму. Мацио не сака да ги изгуби тие 5000ден и не сака да биди условуван во колку часот да се прибира таму.

Мацио е млад и сака да живее нормално! Мацио одбива да седи таму и порај неколку иницијативи од прилепчани кои сакале да му помогнат за да го вдомат таму.

Мацио е златен чоек на кој мора да му помогнеме. Помош се бара само од стабилен претприемач кој можи да му обезбеди соба и работа. Вреден е, сите го знајме чоеков.

Доколку има чоечки услови за живот тој можи да ја одржува хигиената и нормално(со малце помош) да функционира перфектно.

Во градов мислам дека има стабилни претприемачи кои би му помогнале. Ги замолувам претприемачиве со големи фирми да му помогнат!

За чоечки живот зборувам на долг период! Мациов че си работи кај вас поштено, само дајте му минимална плата и чоечки услови за живот.

Кој сфати, сфати! Добротворни донации не се добрдеојдени. Добредојдени се само доби работодавци кои можат да му помогнат. Поздрав! За чоек прајме муабет, стои во објавата на фејсбук на Даниел Кочоски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *