Кристина: Кога пропадна работата, решив да живеам на крузер и не се покајав

  • By klaster2
  • мај 23, 2022
  • 0
  • 238 Views

Кристина често на своите социјални мрежи објавува видеа на кои покажува како изгледа да се живее бесплатно на брод- крузер и без сомнение многумина и завидуваат.

– Пола година живеам на крузерот.Некои би рекле дека живеам секој ден како да сум на одмор и тоа е точно.Секој ден сум на ново место,

– А моите најголеми одлуки во текот на денот се дали сакам да одам на чај, да лежам на сонце или да пијам вино“, вели Кристина и додаде:

„Јас сум поранешен директор во агенција крстарења и патувања, а мојот сопруг е главен инженер за крузерот. Пловам скоро 12 години, а тој го прави тоа 30.

– Кога излезе пандемијата во 2020 година, ја изгубив работата. Сега пловам со мојот сопруг како „сопруга на бродот“.

– Кога не живееме на бродот остануваме дома. Не сите членови на екипажот можат бесплатно да ги донесат своите партнери на пловидба. Тоа е привилегија резервирано за високи офицери“, рече Кристина.

Иако се труди да ја одржува средена собата во која е со сопругот, Кристина открива дека имаат свој надзорник, слугинка, а оваа услуга е резервирана за членовите на повисокиот персонал на бродот за крстарење.

Поради тоа, парот го следува чистење со правосмукалка, бришење прашина, менување постелнина, чистење на бањата и слични привилегии.

„Само ставам валкана облека во торба и пишувам што има внатре на парче хартија, и потоа одоговрните ја зимаат и ја перат“, објасни таа.

Иако храната е бесплатна, како и нејзиниот голем избор, на бродот има ресторани каде Кристинa и нејзиниот сопруг треба да платат доколку сакаат да вечераат.

Оброците во такви ресторани чинат околу 20 до 50 долари по лице, а обично се оставаат околу 5 до 10 долари за бакшиш.

Како сето ова без интернет? Во никој случај. Единственото нешто за што плаќа Кристинa е неограничен пристап до интернет, по цена од 20 долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *