Димитар Апасиев откри како ја запросил сопругата и откри што мисли за забавите

  • By klaster2
  • мај 23, 2022
  • 0
  • 304 Views

Претседателот на Левица Димитар Апасиев често е во центарот на вниманието со своите ставови, сфакања и потези, а рејтингот на неговата партија расте се повеќе и повеќе.

Овој пат Апасиев беше гостин во емисијата на јутјуберот ,,Лазаров” каде Апасиев зборуваше за приватниот живот и имавме прилика да го запознаеме повеќе.

– Во младоста се опробав и како актер, имав некој настапи но сепак не се одлучив да одам во тој правец. Го засакав правото и продолжив.

– Од музика слушав се освен турбофолк. Во младоста дури не нарекуваа и ,,сек ти”, во еден момент решив и да го оставам факлутетот.

– Едно време решивме со сопругата да ја продаваме ,,Алфата” бидејќи многу се расипува, машински е океј, но амортизери и тие слични работи…

– Сега откако ми се роди синот си го вратив хобито, односно чување на риби во аквариум. Тоа некако ме релаксира и ми дава мир.

– Јас сум најдобар правник, јас сум завршил со просек 10 и во додипломски и во мастер и на докторски и сега едно е добар правник но друго е најдобар.

– Не се давам на никој, специјалност ми е правото. Но се уште не се перцепирам како политичар, вели Апасиев во емисијата на ,,Лазаров”

– Додека беше градоначалник Шилегов, пет пати пајак ми го собираше автомобилот од пред зграда. Сега немам проблем си купив свој паркинг простор. До душа не ги ни знам Шилегов толку но сепак немам респект за него.

А на прашањето зошто одбива да биде гостин кај Васко Ефтов тој вели: Бидејќи е глуп, тој никогаш ми се нема јавено, само по телевизии ме прозива.

 

– Денес младите немаат респект кон државотворноста, немаат ниту култура ниту почит. Јас гледам по факлутетот кога ќе дојдат кај нас децата се осака тени, неможеш да ги оправиш.

– Доаѓаа и незнаат елементарни работи, образованието ни е ката строфа, а држава без образование и здраство не е држава, вели искрено Апасиев.

– Сопругата ја запросив во 4 часот по полноќ отидов кај неа зедов прстен и фраерски ја запросив и порачувам на вас младите женете се не е ништо стра шно.

– Јас се ежам од зборот забава, на такви работи не одам. Але ргија имам од тој збор, не бев ниту на својата матурска не се ни сликав за табло.

– Ниту се сликав за апсолвенстка, свадба не правев ниту крштевка, тоа родендените ги доживуваме како стре с, воопшто не сме по забави.

– Јас бев присутен кога се пораѓаше жена ми, бидејќи таа се породи во градска болница не одеше во приватни. Ме облекоа во скафандер и го следев тој чин.

– Патот во политиката е долг, ние долго време бевме активисти, па потоа политичка партија. Од мала партија сега сме средна партија а чукаме на вратите да влеземе во топ 4 партии во државата, вели за крај Апасиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *