Малиот Дамјан од Штип сепак не е балкански првак: Се огласи мајка му и објасни

  • By admin
  • јули 5, 2021
  • 0
  • 8133 Views

Младото момче од Штип, Дамјан Давков, кому Министерството за наука и образование одбри да му додели награда и признание кога победи на средношколски натпревар, бидејќи тој бил осмооделенец, а се натпреварувал во „лига на средношколци“ повторно е актуелно деновиве.


Како што е познато, ова талентирано дете и врвен математичар, на почетокот на годинава освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, со образложение дека не му следува бидејќи е ученик во основно, а таа награда се доделувала на ученци од среднои образование.

Дамјан Давков освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада – ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.

Оваа радосна вест ја сподели неговата мајка на својот Фејсбук профил:

„Осмоодделенецот Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза на Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) чиј формален домаќин беше Кишињев, Молдавија. Во нашиот тим членуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим беше проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.

Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учество го организираше Сојузот на Математичари на Македонија.“

Но, оваа вест беше погрешно пренесе, па мајката на ова талентирано момче за бројки реагираше уште еднаш. Никица Донева, на својот Фејсбук профил напиша уште еден статус во кој посочи дека Дамјан освои злато, но дека немал најмногу поени од сите ученици кои освоиле злато, со тоа што посочи дека тој не е балкански првак.

Морам да искоментирам околу погрешната информација дека Дамјан е балкански првак, бидејќи не е. Има освоено златен медал, кој воедно е медал и за Македонија, но нема најмногу поени од учениците што освоија злато.

Сепак, ви благодарам за поддршката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *