Објавено колку Македонци живеат во Германија – трендот не запира

  • By admin
  • јули 5, 2021
  • 0
  • 2826 Views

Добро познато е дека со години наназад Германија важи за омилена дестинација на Македонците за иселување и работа.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ констатираше дека расте бројката на Македонци во Германија, односно станува збор за над 130 илјади наши сограѓани.

-Она што сите не заг рижува е дека голем број на луѓе ни се отселуваат. Показателите кои ги прибираме со статистичките истражувања во однос на раѓањата укажува дека имаме континуиран пад на раѓањата дома, додека расте на раѓањето во странство.

Сето ова укажува дека добар дел од нашата популација е иселена од државата. Оттука е и мојот стр ав дека бројките на населението се помали.

Податоците што ги гледав се запрепастувачки. Податокот од германскиот статистички завод е дека крајот на 2020 година во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој.

Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани, а таква бројка е близу 300.000.

Само овој податок ќе ве замисли. Каде се останатите европски земји, прекуокеанските земји. Од она што сега го прибираме со самопопишувањето во странство, верувајте ми дека нема точка на земјината топка каде немаме наши државјани, вели Симовски.

Во однос на пописот првиот човек на Статистика вели дека засега не е планирано одложување.

„Не планираме одложување на пописот. Нормално, се ќе зависи од состојбата со пандемијата, но со оглед на последните инфомации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април.

Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на зашштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки.

Од тој аспект населението не треба да биде загрижено. Септември и очекуваме да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот да го правиме на отворено“, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *