Берово од денес гордо може да се пофали дека ја има една од најопремените ТППЕ во Македонија

  • By admin
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 1685 Views

Од денес Берово може да се пофали дека ја има една од најдобрите и најмодерни ТППЕ во Македонија откако доби четири нови возила како и дополнителна опрема.

Заменикот на Претседателот на Владата за борба против коруп цијата и кр иминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го нагласи значењето на заштитата на шумите.

Чест ми е што денеска имам можност да споделам убави новости за општините Берово и Пехчево, кои се од голема важност за жителите во Малешевскиот регион.

Благодарение на Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка, Територијалната противпожарна единица на општина Берово и подружниците на ЈП Национални шуми Берово и Пехчево, после долги години, денеска добија четири нови противпожарни возила, опрема за пожарникарите, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.

Оваа донација е исклучително важна, имајќи предвид дека досега оваа единица располагаше со дотраена опрема и возила, и ќе придонесе за безбедноста на граѓаните и за заштита на нашето природно богатство, шумите.

Со заеднички сили, со поддршка од нашите меѓународни партнери и преку владините програми, континуирано вложуваме во подобрување на условите за живот во секоја општина и во секој сегмент.

Во своето обраќање Амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија Сибил Зутер Техада се осврна на значењето на Регионалниот План за унапредување на шумите во Малешевскиот регион, како развоен стратешки план кој е подготвен со партиципативен пристап, со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот, подготвен како една од повеќето пионерски активности на национално ниво, како и континуираната поддршка на Швајцарија во изминатиот период.

-Швајцарија ја поддржува Македонија во областа на заштита и зачувување на природата многу години. Во последните десет години, оваа поддршка се спроведува преку Програмата за зачувување на природата, со главен фокус на регионот Брегалница. Многу пионерски активности се започнати и спроведени во овој регион и постигнати се прекрасни резултати за кои сите сме многу горди, рече Техада.

Градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски го нагласи значењето на ефикасната противпожарна заштита за зачувувањето на шумите во регионот.

-Особено радува фактот што со овој проект, се опремува Територијалната противпожарна единица со нова опрема и се унапредува работата за мониторинг и ефикасно справување со шумски пожари, што секако ќе придонесе за заштита и зачувување на шумите во регионот на Малешевијата. Во таа насока особено ќе ни биде од корист и употребата на современиот дрон за мониторинг и справување со шумските пожари, за што во рамки на проектот се обучени вработени од партнерските институции, истакна Пекевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *