За промена е неопходна поддршка од заедницата, сепак Цако е оптимист

  • By klaster3
  • март 22, 2022
  • 0
  • 249 Views

Александар Матовски – Цако и е добро познат на јавноста откако стана прв студент со Да унов синд ром во Македонија.

Дипломирал на Педагошкиот факултет, а веќе две години работи во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје.

Ова амбициозно момче покажа дека лицата со по преченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси.

Вели дека наишол на голема поддршка од колегите.

– Сум среќен што ме прифатија онаков каков што сум и што соработувам со професионалци во нашиот град Скопје, вели Цако.

Цако додава дека генерално бил прифатен и од соучениците во основно и во средно.

– Сите сме биле деца и помалку сме се закачале. Јас цело време бев во редовно училиште, основно завшив во Влае, средно во Ѓорче и студирав во Карпош, вели Цако.

Слободното време го користи за да пишува поезија, има своја радио емисија, но заплови и во актерските води.

Цако е примерите дека лицата со Да унов с индром можат да бидат успешни ако имаат поддршка од средината.

Случајот со малата Амбла од Гостивар која беше бојкотирана од родителите на соучениците уште еднаш ги изнесе на површина стер еотипите на општеството кон лицата со Д аунов син дром.

– Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на ин клузивните услуги, можеме да им овозможиме на нашите сограѓани со Д аунов син дром да имаат живот базиран врз еднаквост и не ди скриминација.

Да ги напуштиме ст ереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со цел да им дадеме простор во нашето општество, порача претседателот Стево Пендаровски.

– Да, треба да се зборува, тука се медиумите, институциите и јас верувам дека се ќе биде убаво, како што денеска е убав денот, завршува Цако.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *