Градежниците во Германија остануваат без работа: Цените растат, градбите запираат

  • By klaster3
  • март 22, 2022
  • 0
  • 430 Views

Во Германија се забележува зголемен недостиг на суровини во градежната индустрија, што во последните недели создава проблеми на работодавците.

У дарите со кои се соочуваат во градежништвото се манифестираат преку немање средства за работа,  поскапување на истите, но и преку за кани за работните места.

Градежништвото во Германија е една од најцврстите гранки со децении. Ситуацијата во Украина значително влијаеше и врз оваа индустрија.

Платите отсекогаш биле далеку над просекот, имало повеќе работни места поради што во Германија често заминуваат градежници од Балканот.

Сега ситуацијата е поинаква, што доведува до прекин на изградбата на многу проекти и немање доволно градежни материјали.

-Испораките на производи како завртки и шајки повеќе не доаѓаат во Германија поради санкции, изјави Тим Оливер Милер, директор на Здружението на германската градежна индустрија.

-Не можеме да предвидиме дали ќе има доволно материјал за сите градежни работи во Германија.

-Изградбата на бројни проекти може да се соочи со прекин, додава Милер.

Дополнителен проблем за градежниците е поскапувањето на суровините, како челик, битумен или алуминиум.

Поради постоечките договори компаниите не можат да го префрлат скокот на цената на нарачателите.

Од година во година се повеќе балканци заминуваат во Германија во некои од моќните провинции – Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Баден-Виртемберг, Берлин, Хамбург.

Работат во помалите фирми од областа на угостителство и производство, но и здравство,  градежништво, услуги за чистење.

За повеќето од овие работни места не е потребно познавање на јазикот, додека во здравството се бара.

Сепак, повеќето доселеници во Германија работат послабо платени работи, за кои е потребна диплома за завршено средно образование и површно познавање на јазикот.

Така, секој трет е вработен во производството, земјоделството и градежништвото, секој четврти во хотелиерството, секој петти во металната индустрија.

Платите се движат од околу 1.600 евра, што е минимум, до околу 4.000 евра, колку што заработуваат професионалните возачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *