Андреа е единствената жена ковач – ја викале во кујна, но таа повеќе го сака чеканот

  • By klaster3
  • март 22, 2022
  • 0
  • 404 Views

Вообичаено жената е вработена во одредени сектори кои традиционално се сметаат за погодни за нејзино вработување за разлика од мажите.

Меѓутоа оваа девојка го докажува токму спротивното.

Андреа Лукачи Пап пораснала покрај нејзиниот татко ковач и одлучила дека тоа ќе биде нејзина животна професија.

„Ова е фамилијарна работилница повеќе од 15 години. Како мала гледав како работи татко ми, па после неуспешна работа во бутик почнав да работам со него“, објаснува Андреа.

Оваа девојка е родена во Петроварадинската тврдина. Татко и добил просторија таму за својата работилница, но потоа се оженил и добил две ќерки.

Купиле стан во градот, а ковачката работилница се уште е во Петроварадин.

Многумина се изненадени кога ќе дојдат бидејќи очекуваат да видат маж, а Андреа ги пречекува.

„Кога ќе ме видат овде во работен костум, со ракавици како ги чистам оградите заедно со работниците и бојадисувам за нив е невообичаено.

Многупати сакаат да кажат нешто, но ме заобиколуваат и разговараат со работниците“, вели Андреа за емисијата „24седам со Марија“.

Се согласува дека комуникацијата со луѓето и во работата како продавачка и како ковач е тешка, но за неа втората е многу поинтересна.

„Кога ми предложи татко ми да почнам со него сфатив дека го можам тоа и повеќе би работела за него отколку за друг“.

Меѓутоа, понекогаш на локациите каде што работи, машките работници не се воодушевени од присуството на женска личност и се однесуваат несоодветно.

„Работевме на еден објект во центарот. Татко ми беше зафатен со некоја друга работа, па јас и мајка ми работевме со неколку асистенти.

Имаше и други работници кои беа јасно огор чени што ние жените сме на скелето, рекоа дека местото ни е во кујна, да одиме и да готвиме.

Но, удирањето со чекан  дефинитивно e добра антристр ес терапи ја“, заклучува Андреа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *