Дрва нема кој да цепи: Многумина веќе мислат на следната зима, а според дрварот Жељко и до дрва тешко се доаѓа

  • By klaster3
  • април 5, 2022
  • 0
  • 334 Views

Иако официјално зимата е зад нас, голем дел од домаќинствата купуваат повеќе дрва за следните денови, но многумина купуваат и за следната сезона, стравувајќи дека цената ќе им биде повисока.

Граѓаните се исплашени од енергетска криза, па брзаат во стовариштата да се снабдат со огревно дрво од страв да не им останат домовите ладни доколку има рестрикции на електричната енергија.

Претходната сезона имаше недостаток на огревно дрво, па оние кои бараа барем по некој метар кубен огревни дрва не можеа да најдат поради празните складишта. Кај приватните препродавачи цените скокнаа и се движат до 3.800 денари за метар кубен.

Максималната малопродажна цена на огревното дрво испорачано до купувач во ЈП „Национални шуми” е 3.000 денари по кубен метар за даб и 2.900 денари за бука со вклучен ДДВ, пренесува Лидер.

Просечната, малопродажна цена за кубен метар буково огревно дрво во приватните складишта се движи од 3.300 до 3.800 денари, а кај дабовото дрво е поскапа за 200 до 300 денари по кубен метар.

Дополнително, и услугата за сечење и цепење си чини, па најчесто на еден кубик дрва земаат околу 200 денари. Во просек, за греење со огревно дрво едно македонско домаќинство одвојува од 19 до 25 илјади денари годишно.

Ако се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката оди и до 20 и повеќе кубни метри на годишно ниво, за што се неопходни и повеќе од 80.000 денари годишно.

Сепак, експертите велат дека греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо, а со електрична енергија е еколошки најприфатливо.

Но, во најава е и дополнително покачување на цените на еден кубик дрва, а со истата ситуација се соочуваат и соседните земји каде што граѓаните веќе почнале со набавка.

Машините за сечење и цепење не престанале со работа ни по завршувањето на сезоната. Според соговорникот Жељко Лукиќ Жељо од Руњан, Лозница, за сечење и цепење дрва во просек земаат по 1000 динари или 500 денари.

– Цената за кубен метар со превоз чини најмалку околу 5.000 динари. Малкумина, особено во домаќинствата со стари лица, можат сами да ги сечат и цепат. Ретки се и тие кои можат покрај редовните професии.

– Работата е најскапа, дури и оние што имаат своја шума претпочитаат да купуваат дрва, бидејќи кога ќе пресметаат колку ќе ги чини, сè се сведува на мал профит – вели Жељко.

-Луѓето ги чуваат шумите, а како нема кога цената на дебелите стебла е висока, па сега за метар кубен даб можат да заработат повеќе од 500 евра, а за бука 250 евра, заклучува тој за Новости.рс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *