Жика Јакшиќ: Јас ја сакам многу Македонија

  • By klaster2
  • април 5, 2022
  • 0
  • 331 Views

Македонската музика и македонските изведувачи се ценети и надвор од границите на нашата земја а за тоа пример се соседните естрадни уметници.

Кои имаат само пофални зборови за македонската музика, сцена и држава. Екипата на Г-Карпет беше гостин на снимање на емисијата ,,Никогаш не е доцна”

Таму имаше прилика да поразговара со доста ценети музички работници. Најпрво Неда Ук раден ја запеа ,,Зошто си ме мајко родила” а потоа додаде дека е врвен интерпретатор за македонска музка.

Потоа се придодаде и еден од најдобирте хармоникаши Ацо Софронијовиќ кој истакна дека има многу пријатели во Македонија и дека е заљубен во нашата музика.

– Уживам да ја слушам македонската музика, ги обожувам Александар Сариевски, Кочо Петровски и сите тие стари мајстори. Исто така и Наум Петрески, како и Милан Завков

– Јас ја сакам многу Македонија и мило ми е сите што ја препознаваат таа енергија. Од секогаш има македонци кој се бо рат за највисок пласман овде, вели Жика Јакшиќ

– Македонците се особено музикален народ и тука кој пее и кој стигнал до тука сигурно има добар квалитет, само прашање е изборот на песна, вели Неда

– Ова нашето не е емисија ова е едена мисија уште од самиот почеток и ова многу значи и за нашите понатамошни кариери вели Софорнијевиќ.

На овој разговор се придодаде и Саша Милошевиќ кој вели: Од сите овие 6-7 години можам да заклучам дека процентот на успешност на македонските натпреварувачи е на високо ниво и котираат многу високо.

Секако за овие пофалби има и докази а тоа се брачниот бар Горан и Ленче Кукиќ кој токму преку ова шоу се етаблираа во музичките води.

И воедно станаа примери дека токму никогаш не е доцна за нов почеток или за нов настан во нашиот живот и дека годините се само бројка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *