(ФОТО) Сузана Гавазова по долг пат преку океанот пристигна – ќе биде весело во државата со голема македонска дијаспора

  • By klaster3
  • април 5, 2022
  • 0
  • 303 Views

Една и единствена, тоа е Сузана Гавазова за која не е потребно да се трошат многу зборови. Струмичанката е докажана на музичката сцена и со нејзиниот глас и стас каде и да се појави привлекува внимание.

Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Таа е една од ретките кои многу се грижат за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Иако живееја шест години во Шведска која важи за една од најуредените земји во Европа, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.

Откако мерките опуштија за Сузана Гавазова буквално нема застој. Што се вели не може крајот да и се најде. Постојано е со настапи, како кај нас така во странство.

И ред пандемијата беше една од најбараните македонски пејачки во дијаспората. Зад себе има голем број на турнеи не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а минатиот месец за првпат и во Данска.

Додека имаше настап во Копенхаген во македонски локал, нејзиниот сопруг Јасмин не го сокриваше воодушевувањето и сподели видео на кое напиша: Кога кралицата пее го ри Копенхаген.

Како што е познато популарната Сузе за Божиќ беше на туренја во САД каде што имаше настапи кај македонските иселеници таму.

Од неодамна повторно објави за нејзината пролетна тура во Канада со настапи на 8ми и 9ти април, па на нејзиниот Инстаграм профил сега сподели дека пристигна во Канада, Торонто.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *