Дарко Јефремов за наврати на 2013 кога за првпат пристигна во САД: Бев како мува без глава, изгубен во високи градби

  • By admin
  • февруари 28, 2022
  • 0
  • 319 Views

Дарко Јефремов или за јавноста попознат како Дарко Влогс важи за еден од најпознатите Македонци во САД и воедно најпознат македонски камионџија.

Тој во меѓувреме се ожени, па со својата сопруга птува и работи со камионото и го истражува континентот.

Дарко на пошироката јавност и стана познат преку својот профил на Инстаграм кој е еден од најследените во нашата држава.

Тој го користи секој слободен момент да постира и да објавува интересни и актуелни ситуации од животот, а исто така и постирање на многу хумани работи.

Денес објави еден носталгичен пост на кој се потсети на своите почетоци во САД и притоа напиша:

Орландо е уствари првото мое стапнување на овој континтент. 2013та, после месец дена работа на брод во Трст Италија, бев на список за трансфер на друг брод, Карнивал Сенсатион, кој трга од Кеј Канаверал, саат време одалечен од Орландо.

Вчера ми се вратија добри спомени од тогаш, кога бев како мува без глава, изгубен во овие високи градби, широки улици, палми, од играње ГТА сега реалност, само што сега го почитувам семафорот.

Ми текнува тогаш секојдневно го слушав албумот на Еминем – ежење секогаш имам кога ќе ја слушнам песната Сурвивал и Легаси , сликата од мене во автобус како возам кон нешто ново непознато, кое треба да го научам и совладам за да успеам.

Тоа чувство и тој албум секогаш си ги преслушувам пред нови предизвици.Орландо ќе ми остане во сеќавање на тие ма чни но убави моменти.

Моменти на радост, тага, возбуда и разо чарување, пример ми текна прв пат кога го купив БудЛихт пивото што го гледав по реклами, кога пробав, вода.Пу ама сум се напнуел тогаш и така се враќаме на пат со бебо, диспач барај тура, еве ме истовараат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *