Бранко од Велес живее со своето внуче: Немаме ни за леб, дојде време родител да си брка децата од државата

  • By admin
  • февруари 28, 2022
  • 0
  • 471 Views

Во мрак и студ поминува зимата во домот на семејството Јовановиќ од Велес. Секоја вечер 63-годишниот Бранко го покрива својот осумгодишен внук, во надеж дека утре нешто ќе се смени.

Дека струјата ќе му помогне на телевезорот да донесе ведрина во тро шната куќарка. Дека наместо надвор, тој и внукот ќе се капат на вода стоплена во бојлер, дека наместо да го се че креденецот, дрва за огрев ќе става во ќумбето среде соба.

Сиромаштија го навјасало ова семејство, па сега нема ниту леб ниту мирен сон.

„Ќутиш, гледаш за внучет да има, за мене мање више. Внучето за мене е мојот живот. Немаме ни спиење, се мислиш што ќе биде утре. Но тоа е животот, нема бегање. Да се крене рака на својот живот е најтешко. Мора да се живее и да се оди напред“ изјави Бранко за Телевизија 24.

Бранко е бег алец од Косово. Кога пред 23 години таму избувна вој на, семејството се сели во Велес, кај родителите на сопругата.

Со своите тројца синови и ќерка живеат скромно, ама сложно. Но, пред пет години почнуваат не волјите. Бранко мора порано во пензија, оти бол ест здравјето му го зема.

Во меѓувреме, почи нува и сопругата, па тој со своите 10.000 денари пензија, опте ретени со долгови за кре дити за лекување на сопругата, мора да го прехрани семејството.

„Се отиде низбрдо, никакви услови, нема егзистенција, немаш пари, немаш ни за купување леб, ни за ништо. Данои и комуналии се качуваат и немаме.

Во куќата нема струја. ЕВН му ја исклучила поради долг од 20 илјади денари. Згора на се, преку изв ршител му зема пари и за стари долгови. Бранко не добива ниту денар пензија. Неговите деца не можат да најдат пристојна работа.

„Им реков на децата, фаќајте патото негде надвод, сите одат, одете и вие, дојде време родител да брка деца.

Бранко сонува за социјален стан. Така ќе му остане една третина од пензијата, за да купи храна за внукот.

„Многу значи да имаме свој покрив над глава, а не да плаќаш ќирија. Јас откако сум дојде тука цело време сум под кирија. Јас само знам како сум плаќал и фамилија да гледам, деца да школувам.

Неговиот внук е второодделенец. Иако многу мал, се чини дека е свесен за голг отата низ која поминува тој и дедо му. Со солзи во очите го молеше снимателот да не го снима во лице. Му е срам од другарчињата.

Но, срамот треба да се бара на друго место, вели Бранко. Иако никому не е лут за неговата состојба, смета дека државата треба повеќе да се грижи за семејствата со ниски приходи.

Благодарен им е на хуманите луѓе и соседите, единствените кои го одржуваат во живот Бранко и неговиот осумгодишен внук.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *