Во Германија подобро да купиш стан отколку да изнајмиш

  • By klaster2
  • јуни 11, 2022
  • 0
  • 364 Views

Кој отплатил кредит за стан во Германија лани поминал подобро од тој што изнајмува стан, односно е под кирија, велат последните истражувања.

Анализата на Институтот за германска економија (ИВ) покажа дека купувањето недвижен имот често е значително поевтино од изнајмувањето, особено со новите закупнини.

Кој лани го вратил кредитот за стан во Германија, подобро поминува од тој под кирија, и тоа не е мала разликата велат од ,,ДПА”

Кои се трошоците на купувачите, а кои на станарите? Споредувајќи ги заедно со компанијата ,,Акентаро, ИВ ги зел во предвид цената на станот и придружните трошоци за купување

Трошоци за нотари, даноци и камати, како и евентуална изгубена добивка. Исто така, трошоците за одржување и амортизација.

Од друга страна, станарите имале нето кирии, без трошоци за парно, од нови или претходни договори, па така ситуацијата веднаш е поразлична.

Резултатот е дека купувачите на станови во Германија, по 2021 година по многу ниски каматни стапки, плаќале во просек по 4,21 евра за метар квадратен,

Додека пак станарите 10,3 евра според новите договори за слични станови или 7,04 евра според договорите склучени од порано.

Математички гледано, купувачите имаа предност од речиси 60 отсто во однос на новите или 40 отсто во однос на претходно склучените закупи.

Дури и сега, клиентите често поминуваат подобро, иако каматните стапки значително се зголемија. За стандардните кредити со отплата од 10 години каматната стапка е 2,5 отсто, велат финансиските консултанти од компанијата ФМХ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *