(ВИДЕО) Македонците во Австралија на нозе – се вртеше оро наголемо и се пееше во еден глас

  • By klaster3
  • јуни 12, 2022
  • 0
  • 471 Views

Периодов македонската дијаспора во Австралија несомнено ќе ја доживее најдобрата забава со македонска музика затоа што за тоа ќе се погрижат едни од најголемите фолк-ѕвезди кај нас.

За фолк ѕвездата Сања Сани Гроздановска не е потребно да се трошат многу зборови. Периодов настапите и се нижат еден по еден, а музичката кариера и цути.

Пејачката неуморно работи, па годинава се пофали дека од својата заработка си купи нов автомобил Мерцедес Ц200, како и стан во Скопје.

– Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки.

Имено, Сања по потекло е кумановка, но со адреса на живеење во Скопје. Низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕвезда.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Според една нејзина изјава, една од најголемите желби на Сани за оваа година беше да настапува во Австралија и Америка, па за среќа желбата и се исполни.

Имено пејачката, заедно со уште неколку музичари, меѓу кои и колегата Кико Божиновски ја забавуваат македонската дијаспора во Квинбијан, Сиднеј, Кампбелфилд во неколку клубови и сали.

Пред неколку дена пристигнаа во далечната Австралија каде што веќе започнаа со забавите. Македонците едвај ги дочекаа бидејќи знаат дека забавата со Сани и Кико секогаш е загарантирана.

Атмосферата не остана несподелена, па сите нивни фанови на социјалните мрежи можеа да забележат дека целата присутна публика е на нозе и се фатила на оро.

Првиот настап го имаа во Перт, на Македонците со сигурност им ја развеселија вечерта. Сани повторно издоминира со стајлингот, па заблеска во фустанот со висок шлиц и светкав дезен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *