(ФОТО) Спенџарска со два големи куфери се спакува и одлета далеку од Македонија

  • By klaster3
  • јуни 11, 2022
  • 0
  • 338 Views

Без сомнение Јелена Спенџарска е една од највпечатливите и најпрепознатливи ТВ лица во Македонија која е повеќе од една деценија во медиумскиот простор.

Нејзината харизма и позитивен дух ги разведруваат гледачите секојдневно во утринските емисии, па факт е дека има голем број обожаватели.

Уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ е и инфлуенсерка на социјалните мрежи, па често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание преку објавите на социјалните мрежи.Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 40 000 фанови.

Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фанови.

– Во 2022 година влегов како жена која точно знае што сака!! Не се пла шам да бидам сама, не ме интересираат површини врски, површини луѓе, не се задоволувам со трошки!

Или се или ништо! Вредам на квадрат, а вредишт и ти. Точка., напиша таа во една од своите објави на Инстаграм.

Во последно време премногу се посветува на нејзиното физичко и ментално здравје, редовно има физички активности како трчање на кеј, вежбање во теретана, но и здраво се храни.

Особено многу ја радува времето поминато со нејзините две внуки, па периодов го искористија за заеднички фамилијарен одмор во Грција. Јелена не пропушти ден а да не сподели некој интересен момент поминат со нив.

Спенџарска обожава да патува, неодамна беше на патување во Италија и со нејзините фанови ги сподели прекрасните впечатоци кои ги доживеа во Фиренца, Комо, Милано каде што го привлече вниманието на минувачите.

Изгледа летово во план и е да го помине надвор од границите на Македонија затоа што уште невратена од Грција веднаш ги собра куферите и замина во друга држава.

Од нејзините Инстаграм приказни, станува збор за посета кај нејзина блиска пријателка Марис којашто живее во Шведска.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *