Владимир од Кочани: Живееме во неизвесност, побаравме помош од надлежните но тие немаат слух

  • By klaster2
  • мај 13, 2022
  • 0
  • 378 Views

Со ст рав дека во секој момент може кровот да му падне над глава. Во недостојни услови и понекогаш без средства за скромен ручек живеат Владимир Тасев од Кочани заедно со неговот семејство.

Но во слична ситуација се и неговите соседи кој се веднаш до него. Тој пред камерите на ,,М-нет” телевизија раскажува низ што се поминува и како врзува крај со крај.

Социјална помош не зема, а за неговите проблеми слух немаат ниту надлежните во Општина Кочани, додава тој. Работи приватно колку да му овозможи еден ручек на неговото семејство.

– Не земам социјална помош, одам приватно работам па така ќе извадам парче леб. Не помагаат сограѓаните, со еден збор ,,тешко”

– Милион пати сме се обратиле до општината. Но нема ништо, не сме само ние, еве и соседите. Државата и градоначалникот не водат никаков интерес.

– Цела барака овде е во многу лоша состојба, додава Тасев. А идентична е состојбата и на соседот Тајфур кој живее веднаш до него.

Велат секојдневно се молат да го преживеат денот и да не им падне кровот над глава: Од лошо полошо, немаме тоалет, немаме ни каде да спиеме.

– Попушта од сите страни, немаме никакви услови, а ако заврне дожд јас треба да ставам кофи за да не протече, додава Тајфур.

– Бев во собранието се обратив и ми велат, ,,Нема што да кажуваш ти, ние кажуваме тука” . На некој други даваат социјални станови.

– Но за нас нема ништо. Денеска ако има ќе јадеме, за утре не знам што ќе биде, вели искрено Тајфур кој заедно со неговиот сосед Владимир имаат по седум члена во семејството.

И двајцата апелираат за помош, кој колку може бидејќи ова веќе не се трпи: Да видиме и ние некое арно и бел ден, додава Тајфур.

Дел од децата одат и на училишите а со подотворени усти остава фактот што децата не јадат редовно и јадат само кога ќе има.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *