Огнен, синот на Кочо Анѓушев, започна свој бизнис и лансираше сопствен бренд

  • By klaster3
  • мај 13, 2022
  • 0
  • 461 Views

Како што е познато Кочо Анѓушев е еден од најпознатите бизнисмени во Македонија. Сопственик е на индустрискиот погон „Брако“, во периодот 2000–2002 бил помошник на генералниот директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија.

Во 2003 ја основа фирмата „Фероинвест“ која доби концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија. Освен тоа, Анѓушев е и поранешен вицепремиер за економски прашања. Во 2014та година списанието Форбс го прогласи за еден од петте најбогати Македонци.

Неговиот син Огнен Анѓушев веќе ги следи стапките на својот татко и основа свој бизнис, влегува во модниот пазар, а во своето интервју откри дека уште како мал ја негувал оваа пасија.

Неговото прво работно место било како магационер во „Брако“. Според Огнен, неговите родители функционираат и ги воспитуваат него и брат му на база на заслуги. За се што ќе добиеш треба да бидеш заслужен, па така и за работното место.

Пред неколку дена беше отварањето на неговиот моден бренд „ЗЕРО“ кој ќе нуди гардероба за жени, а неговата продавница е сместена во центарот на Скопје.

– Името „ЗЕРО“ е всушност произлезено од италијанскиот број нула, што значи дека во нашиот бренд нема годишни граници. Нема граници на слаби, покрупни девојки, може секој да си најде свое соодветно парче и во него да се чувствува сигурно.

Отсекогаш сакав да станам моден дизајнер. Од мали нозе почнав да се надоградувам во дополнителни часови по цртање, дополнителни уметнички часови, но понатаму со тек на време одлучив да се запишам на факултет за моден дизајн „Институто Марангони“ во Милано кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот.

На тој начин успеав да се усовршам во тоа што сакам да го правам и штом се вратив во Македонија одлучив да го отворам овој моден бренд.

Сметам дека, како и секаде во светот, има луѓе кои знаат добро да се облечат и има луѓе кои не знаат толку добро, но тоа е нормално не можат сите да знаат се.

Затоа и постојат модните брендови, модни куќи како нашата. Ние не продаваме само колекции, кај нас може да дојдат луѓе да си направат парче кое ќе биде само за нив од моја страна како моден дизајнер.

Има луѓе кои знаат доста елегантно да се облечат, има доста настани на кои гледам елегантно облечени луѓе, но сепак сега како што поминува времето повеќе доаѓа во пик оној уличен стил кој гледам дека младите го преферираат повеќе од класичната мода.

Според мене во модата нема грешка, може добро да изгледате и лошо да изгледате, секој си одлучува како ќе се облече. Според мене тоа не е грешка туку е само личен стил, изјави Огнен за Бекстејџ.

– Јас имам 21 година, а веќе имам оформено семејство и сум реализиран како татко, така што доколку сте амбициозни, работливи и имате јасна цел можете да постигнете се‘, вели тој.

Обожава да поминува време со своето семејство и пријателите и отсекогаш се трудел да изгледа добро бидејќи облеката за него претставува еден вид на изразување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *