Силви откри како се запознала со својот иден сопруг Влатко и што било пресудно

  • By klaster2
  • мај 13, 2022
  • 0
  • 336 Views

Силви Бенд – македонска поп група. Во неа членува брачниот пар Силвана Мучиќ Плевнеш и Влатко Плевнеш. Тие заедно ја имаат ќерката Деа

Легендарното дуо „Силви бенд“ кои во јавноста се појавија уште во 90-те години освен што успешно пловат во музичките води, тие се пример за сите парови.

Нивната љубов трае со години, а во јавноста оставаат впечаток дека живеат бајка, а изминатово лето прославија и 30 години постоење на музичката сцена.

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш особено станаа популарни со големиот макфестовски х ит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па сè до денес, зад себе имаат безброј настапи, хи тови, музички видеоспотови.

Пред да стапат во брак биле две години во врска и велат дека во тоа време уживале во љубовта, но и патувањата поврзани со работата.

– Влатко впрочем е таинствен човек, не кажува многу работи, на пример ќе види некој или ќе се случи нешто и ќе ми каже после три месеци и тоа случајно ако јас нешто дознаам.

Тие отворено прозборуваа и за нивниот голем пријател и соработник кој за жал повеќе не е помеѓу нас а тоа е легендарниот Драган Вучиќ.

– Пред се тој беше многу добар човек, исклучително добар музичар и тоа што го правеше допре до публиката, вели Силви со доста емоции.

– Покрај мене во тоа време се вртеа многу момци но сепак Влатко беше така сталожен и смирен, и музичар воедно што беше битно во тој момент и брат ми не спои, ми велеше цело време ајде на концерт ваму, па таму…

– Морам да спомнам една анегдота бидејќи бендот се вика ,, Силви Бенд” преку нашиот менаџер една жена замолуваше да се запознае со ,,Бендот”

– Тој упорно и велеше дека ,,Бендот” е Влатко, но сепак таа упорно си велеше ,,Остај го Влатко, запознај ме со ,,Бендот” вели низ смеа Влатко.

– Секојдневно ме прашуваат за мојата коса и како опстојува така, но јас имам ретко квалитетна коса и секако природна, но нормално треба на 2-3 дена да се мие.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *