(ВИДЕО) Златко од Кочани емотивно низ солзи сведочи за најтешките моменти при пожарот

  • By admin
  • август 5, 2021
  • 0
  • 11692 Views

Три дена по големиот пожар во Кочани жителите и понатаму се на готовност и немаат мир, а доказ за тоа е и вчерашниот нов пожар кај Крупиште кој го затвори на еден момент патото Штип- Кочани.

Во исто време пристигна информација дека сите материјални ште ти предизвикани од пожарите во Кочани ќе бидат обештетени.

На терен општинската комисија прави проценка на штетите, а на жителите им се доставуваат формулари за да може да пријават колкави материјални ште ти имаат.

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев вели дека одвоените два милиони денари би биле доволни за да се обештетат жителите. Но, доколку има потреба за дополнителни средства, ќе бараат од државниот буџет.

„Оваа првична сума од два милиони денари сметам која што ја издвоивме е доволна за да интервенираме, а секако ќе знаеме по завршување на проценките кои се во тек, а уште вчера комисите се на теран и вршат проценка на штетите кои се настанати од пожарот.

Како локална самоуправа направивме и формулар за граѓаните на поедноставен начин да ги пријавуваат штетите“, рече Николчо Илијев- Градоначалник на Кочани.

За граѓаните кои имаат материјални шт ети на имот, а истите им се осигурени, обештетување ќе чекаат од осигурителните компании. Илијев уверува дека и за жителите кои одгледувале добиток без одобрение за користење на државно земјиште, ќе бидат обештетени.

„Има и луѓе кои што одгледувале добиток на земјиште на Македонија без соодветни одобренија, но во моментов не гледаме кој имал одобрение или не туку зборуваме за проценка на штетите и секако ќе направиме се за секој да биде обештетен во рамките“, додава Илијев.

Пожарот во Кочани е локализиран. Опожарени се стотици хектари шумска површина. Огнот зафатил неколку домови носејќи ги крововите и фасадите, опожарени се и возила, фарми и помошни објекти. Најголема за губа е меѓу добитокот и живината кои го чувале жителите во Белско Маало и кај дивите животни.

Владата на вчерашната седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати Кочани и околината, напиша вечерва на својот Фејсбук профил вицепремиерот Љупчо Николовски.

-Наградата од 10.000 денари е во знак на благодарност за демонстрираната храброст, професионалност и пожр твуваност во мисијата да се спасат животи и да се зачуваат природните ресурси на татковината.

Златко Илијев, младо момче од Кочани ден по она што му се случи на неговиот град објави крајно емотивно видео на кое додека сведочеше што се случувало, солзи му течеа од очите.

Како што вели, тој заедно со уште три пожарникари први се обиделе да го стават под контрола пожарот во атарот на село Бели, но биле немоќни.

Златко во видеото раскажува што се се случувало и упати еден искрен апел до надлежните да се превземе нешто и да може што повеќе лица, пред се млади да бидат обучени за справување со вакви настани.

Во продолжение може да се проследи емотивното сведоштво на ова младо храбро момче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *