Пожарите во Македонија го однесоа првиот човечки живот

  • By admin
  • август 4, 2021
  • 0
  • 5251 Views

Пожарите однесоа стотици хектари шума, а за да се обнови потребни се најмалку 50 години, вели директорката на ЈП „Национални шуми“, Јулијана Николова.

Повеќето пожари се локализирани, но некои сѐ уште се активни. Гори на неколку места во Скопје, Струмица, Куманово, Охрид, Битола во штипско, Кочани и Гевгелија.

Од пожарите е голема, додава таа. Според Николова, сѐ уште не се познати причините за избувнувањето на пожарите.

Инаку, хеликоптерите на Армијата уште од изутрина гасат на најкр итичните точки.

Најголемиот пожар е во шумата „Средна“ во Делчево и е тешко да се стави под контрола, поради непроодниот терен, сувата трева и ветерот.

Од огнената сти хија која во вторникот го зафати Кочани, предизвикана е значителна материјална ште та – опожарени се возила, две куќи и штали.

Доста тешка е ситуацијата во Пијанечко-малешевскиот регион каде во текот на целиот ден не стивнуваат пожарите.

Има информации дека зафатени се куќи, а дел од населението во селата е евакуирано.

Во гаснењето на пожарот требаше да учествуваат и пет хеликоптери, но тие се повлечени поради топлото време.

Тешки сцени во селото Челопек во Старо Нагоричане. Очевидци за ТВ 24 сведочат дека во пожарот изгорела жена, но полицијата не потврдува додека не го најде телото. Тие немаат пристап до куќата поради пожарот кој што се уште е активен.

Големиот пожар во Старо Нагоричане го зеде првиот човечки живот. Жена из горе во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици.

„Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња.“ – изјави Стојан кој живеел со Стојанка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *