Наум Петрески со посвета за сите што се иселиле од Македонија

  • By admin
  • август 5, 2021
  • 0
  • 2838 Views

Како што е познато Наум Петрески е еден од најпознатите македонски пејачи на народна музика. Петрески како и многумина пејачи изминатата година како и другите музичари се без работа поради актуелната ситуација.

Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.

Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Македонската фолк ѕвезда иако има скопска адреса на живеење, поголемиот дел од времето го поминува во родната Струга, која за Наум е посебна, има нешто што другите го немаат:

„Струга е посебно место за мене. Прво е мој роден крај, второ го имаме Дрим, го имаме езерото, имаме многу работи што нема во Скопје. Цела зима моите другари нуркаат, јас ќе полнам скоро 55 години и гледам да не настинувам многу, но на лето влегувам во и под вода“…

Како што е познато Наум е оженет со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова.

Петрески важи за човек без „влакна на јазико“ кој секогаш отворено говори, а тоа носи и низа од коментари во јавноста.

По подолга пауза, фолк пејачот Наум Петрески деновиве сними нова песна и видео запис за истата. Насловена е ,,Гнездо”, а како што појаснува за „Фокус”, гнездото ја претставува нашата држава Македонија.

-Главната тема во песната е тоа што ни избега младиот интелект од државата, како птици од гнездото. Ќе има и промоција на видеото на 11-ти август, во ресторан во Радожда, и сите пријатели се добредојдени – вели Петрески.

Околу тоа дали се работи за високобуџетен спот, музичарот одговара дека откако ќе го изгледаат видеото, гледачите самите нека проценат.

Музиката и текстот на песната се на Даме Коларовски, додека аранжманот е заеднички на Даме Коларовски и Димитар Кочев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *