Венко Филипче се огласи пред неколку моменти со најава за нова историска ноќ

  • By admin
  • април 16, 2021
  • 0
  • 2068 Views

Како што е познато, Министерот за здравство Венко Филипче најави дека голема е веројатноста денеска да бидат извршени повеќе трансплантации на органите од млад пациент, со согласност од семејството.

-Доколку има соодветни реципиенти ќе биде можно да се направат трансплантации на срце и бубрези.Родителите на поч инатиот веќе дадоа согласност, останува да најдеме пациенти кои би ги примиле органите.

Доколку се најде пациент на кого ќе му се направи трансплантација на срце, опер ацијата ќе ја изврши истиот медицински тим, кој беше ангажиран и за првата трансплантација на срце, што се изведе пред неколку месеци, рече Филипче.

До тоа и ќе дојде откако оваа информација, нешто по полноќ ја објави Филипче:

Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа

Сите стискаме палци и се надеваме дека ќе биде успешна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *