Филипче утрово ја сподеи веста која со нетрпение ја очекуваа сите

  • By admin
  • април 17, 2021
  • 0
  • 2671 Views

Како што е познато, Министерот за здравство Венко Филипче синоќа нешто по полноќ преку социјалните мрежи напиша:

-Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја.Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа.

Утрово Филипче повторно се огласи на социјалните мрежи и ја сподели веста која со нетрпение многумина ја очекуваа.

Првиот човек на македонското здравство го сподели епилогот, а истиот е позитивен

-Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше!

Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *