Скопјанецот Звонко – Срце ми се кине, за мене платив 22.000 евра за лечење, а за тато 12.000 евра

  • By admin
  • април 16, 2021
  • 0
  • 40274 Views

Скопјанецот Звонко Глигоровски неколку месеци по прележувањето на вирусот сѐ уште ги чувствува последиците од болеста. Освен што не може целосно да си ја поврати силата, за него се свежи и сеќавањата за периодот низ којашто поминало неговото семејство во ноемврискиот пик, кога потрагата по болнички кревет била „не возможна мисија“.

Откако Ковидот ќе навлезе во нивниот дом, Звонко и тројца најблиски членови од неговото семејство завршуваат во болница. Ковид-19 не успева да го победи само неговиот 88-годишен татко.

По двонеделна би тка во приватните болници, тој го напуштил овој свет само десет часа откако ќе биде префрлен на Инфективната клиника во Скопје.

За неговиот син остануваат само сеќавањата за бор бата со болеста, болничките сметки за приватно лекување кои секој ден станувале сѐ поголеми, бит ката да се обезбедат дополнителни средства за нега на болниот, но и последниот телефонски повик од непознат број во 7 часот наутро, кој ја соопштува веста за загубата на родителот.

„Одамна ми е јасно дека здравството ни е гн ило и дека парите што ги плаќаме за здравствено осигурување се фрлени во ветер, но сепак, бидејќи не сум чорбаџија, се обидов да го лекувам вирусот како и повеќето други во јавното здравство.

Кога ситуацијата со моето здравје стана сериозна, а нашето здравство и понатаму остана несериозно, решив дека ѓав олот ја однел шегата и дека не вреди да се чуваат парите наменети за реновирање на бараката во која живееме со сопругата. Попусто реновирана барака, ако нема кој да живее во неа.“

Вака го започнува своето сведоштво Глигоровски за ДВ, присетувајќи се на случувањата од пред неколку месеци.

„Во ноември, кога болниците беа преполни со пациенти, ги почувствував првите симптоми на Ковид. По 7-8 дена, кога мислев дека помина сѐ, плукнав кр. Потоа ,за време на телефонски разговор, почувствував како губам здив. Тоа беше доволен сигнал дека морам да се јавам кај матичната лекарка, која ме упати на итни прегледи и рентген“, раскажува Глигоровски.

И тука почнува го лготата. Препраќање од една во друга болница, снимки, чекање, неизвесност, која завршува со хоспитализација.

„Билатерална пнев монија, осумкратно зголемени д-димери, преполовени тро мбоцити, 5000 евра депозит и креветот е мој“, вели Глигоровски, раскажувајќи го своето искуство како завршил на лекување во една од приватните болници.

Но, зл ото, како што вели, не доаѓа само. По една недела во болницата се хоспитализирани и неговата сопруга и неговите родители. Сопругата и неговата мајка со пневмонии и намалена сатурација, додека неговиот 88-годишен татко, бил целосно изн емоштен од болеста.

„Исто како кога сонуваш некој кош мар и гледаш некои познати лица околу тебе и не можеш да сфатиш дали е сон или јаве. Токму така се чувствував. Лежев во болница и гледав дека тука се и сопругата и мајка ми и татко ми и си велев – што е ова, мора да е некој кош мар“, се присетува нашиот соговорник.

По извесен период болницата ја напуштаат тројца од семејството Глигоровски. Останува на лекување само неговиот татко. „500 евра за кревет од ден, 200 евра за осум апчиња фавира дневно, 300 евра други лекарства и услуги, минус 5% попуст, потпис дека иако се уште позитивни и свесни за ризикот сами бараме отпуст, сума-сумарум 22.000 евра.

Тука не се влезени трошоците за татко ми. За него треба да платиме при неговото отпуштање од болница. Плаќам без збор. Срцето ми се кине но морам да го оставам. Неговата состојба не е за отпуст“, раскажува нашиот соговорник.

„Со триста врски и ургенции по неколку дена наоѓам место на Инфективна клиника. Но, се работи за минути. За тој кревет се заинтересирани уште еден куп пациенти.

Мора што побргу да се префрли стариот за да не го фати креветот некој друг. Се јавувам во приватната болница за да организираат транспорт. Но, прво треба да се плати. Сметката беше 12 илјади евра, а јас имав само 10 илјади евра“, вели Глигоровски.

Бидејќи е позитивен, не може да оди во болница за да ги подигне останатите пари. Принуден е да се јави кај пријател за да му донесе уште 2.000 евра во болницата.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче Веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *