Битолчанката Билјана: Младите мислат дека надвор полесно ќе успеат, а таму можат само да се загубат

  • By admin
  • ноември 7, 2021
  • 0
  • 463 Views

Ана Ристевска сопственик и управител на ИТ компанија од Битола, ги повикува младите да не чекаат државно вработување, туку да се обидат да основаат свој бизнис.

Ги охрабрува своите врсници да запливаат во водите на претприемништвото, затоа што има многу можност, но потребно е повеќе да се истражува.

-Да се изнајде точната потреба на пазарот е клучно. има и финансиски и кадровски можности .доколку се бара соодветно може да се најди, но сепака да се најди точната потреба на пазарот точно што сакаат клиентите.

Тоа е најважниот момент кој што треба да го направат младите бизниси, бидејќи доколку се таргетира точната група на клиенти, тогаш успехот е загарантиран“, рече Ана Ристевска.

Иако нема точна бројка, Битола со години се соочува со иселенички бран, но они ние кој останаа велат и тука може да се биде успешен.

Билјана Ванчевска, која е единствената жена кај нас сопственик на дигитализирана заботехничка лаборатрија, вели дека се гордее со одлуката да остане дома и да започне свој бизнис.

-Младите мислат дека надвор полесно ќе успеат, а во таа урбана џунгла можат само да се загубат. Јас со тоа што останав во Битола добив повеќе време за семејството, повеќе време за пријателите, за дружба со пријателите, вели Билјана Врцал Ванчевска.

Не секогаш парите се пресудни за отворање сопствен бизнис, поважни се визијата и храброста, заклучија учесниците на јавната дискусија во органзиација на мкц битола на тема „можности за поддршка и развој на бизниси“.

Најдобро може да се снајдеш во родното огн иште, во сопствената средина. битно е да постои храброст и добра идеја за отпочнување сопствени бизнис, вели сашо додовски, мкц-битола.

Во Битола има вкупно 5400 невработени кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, а една третина од нив се на возраст до 39 години.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Телма.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *