Работницте во Германија убаво ќе се опарат: Ќе добијат од 2.500 до 5.500 евра бонус

  • By admin
  • ноември 7, 2021
  • 0
  • 496 Views

Кон крајот на годината традиционално ширум светот се одбележува со божиќниот бонус, па така е и во Германија каде што висината на додатокот го соопшти Федералното биро за статистика.

Право на соодветна посебна исплата на крајот на годината ќе имаат 87,2 отсто од сите вработени според основниот колективен договор.

Исплатата во просек изнесува 2.677 евра, што е зголемување од 1,9 отсто во однос на претходната година. На запад просечниот божиќен бонус од 2.695 евра е за околу 5,5 отсто поголем отколку на истокот, каде се исплаќаат 2.554 евра, пишува Феникс-магазин.

На истокот од Германија, право на исплата на божиќниот бонус имаат нешто повеќе вработени според колективниот договор (88 отсто) отколку на западот (87 отсто).

Клучниот фактор во висината на бонусот зависи од индустријата во која работи лицето. Исплатата на божиќниот бонус е различна во одредени сектори, а „надпросечниот божиќен бонус“ ќе се исплати во секторот за кокс и преработка на минерални масла.

Вработените во тој сектор, согласно колективните договори, добиваат просечен божиќен бонус од 5.651 евра.

Колективно договорениот божиќен бонус во делот производство на хемиски производи е исто така надпросечен со 5.369 евра, како и во секторот снабдување со енергија, каде вработените ќе добијат 5.171 евро.

„Во двата сектора, со 98,8 отсто, односно 98 отсто, речиси сите вработени во колективното договарање имаат право на божиќен бонус“, продолжува извештајот.

Бонусот е блиску до просекот во секторите за производство на облека (2.676 евра) и производство на храна и добиточна храна (2.519 евра).

„Во тие области 100 отсто или 82,4 отсто од сите вработени со колективни договори добиваат божиќен бонус“, наведуваат од Институтот.

Најмал бонус ќе имаат вработените во секторот распоредување и изнајмување работници. Таму во просек ќе се плаќа по 301 евро, а за тоа имаат право на 99 отсто од вработените.

Вработените во угостителството ќе добијат просечен бонус во износ од 861 евро, а право на тоа имаат 92,4 отсто од вработените.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *