Тамара, сопругата на Апасеив: ДПМНЕ нема многу простор да слави – нит забораваме, нит простуваме

  • By admin
  • ноември 7, 2021
  • 0
  • 308 Views

Според Христијан Мицкоски со самиот факт што седнал на маса со лидерите на Беса, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица, формирано е ново парламентарно мнозинство, но другите партии на оваа соработка гледаат само како иницијатива за ру шење на актуелната Влада.

Африм Гаши од Алтернатива, рече дека фотографијата е направена само за да покажат дека успеале да ги соберат потписите и тоа е сѐ. Како што вели, Алтернатива нема да биде дел од Владата која се дистанцира од евроатлантските интеграции.

„Имаше иницијатива за собирање потписи за интер пелација на Влада. Ние како опозициска партија и коалиција нормално дека се потпишавме и ние што ги застапуваме тие партии седнавме заедно и се фотографиравме за да покажеме дека потписите се собрани. Ова сега за сега е единствената вест“, истакна Африм Гаши.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села не се произнесе во однос на оваа ситуација, но генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари, на Фејсбук напиша „Почеток на крајот на Демократска унија за интеграција -змот“. Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, на став дека овој договор во никој случај не значи коалицирање.

„Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот ре жим на Демократска унија за интеграција и СДСМ“, вели Димитар Апасиев.

Тамара Јованов, сопругата на Димитар Апасиев се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој вели:

Дпмне нема многу простор да слави. Да не речам, ИЧ!

Да не си умислат случајно дека е заборавено што направија пред да дојде сдс на власт, како и што премолчеа додека сдс беше власт! Да не си помислат ни случајно дека со исти тактики ќе можат да владеат, нечепнати!

Ќе мора да решаваат клучните прашања, а ќе видиме колку се одлучни тоа да го прават, за кратко време.

Ни случајно да не заборават ни за миг, дека Левица има улога на застапување на народот во Собрание и секој штетен чекор ќе го обзнанува, блок ира и ќе се бо ри против секоја политика на ште та на државата, како што тоа го правеше и досега!

Пс. А и муабетите со станот, Алфата, шв алерката… се у тефтерот, меѓу другите ср ања! Нит забораваме, нит простуваме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *