Уште една држави ги отвори вратите за сезонски работници од Македонија – плата до 1500 евра

  • By admin
  • јули 6, 2021
  • 0
  • 3628 Views

Иселувањето од нашата држава поради пандемијата со вирусот изминатата година забави, иако интересот за напуштање на нашата држава е голем.

Од Македонија се отселиле 1.082 лица во 2020, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Вкупно 664 од отселените живееле во градски подрачја, а 418 во селски.

Во поглед на региони, предничи Југозападниот регион, откаде се отселиле 257 жители во други држави. Следуваат Југоисточниот регион со 218 отселени жители во други држави, Полошкиот со 149, Вардарскиот со 142 и Источниот со 139.

Скопскиот регион има најмалку жители што се отселиле во други држави – само 42.

Во 2020 во Македонија се доселиле 1.848 странски државјани, и тоа 1.428 во градски подрачја, а 420 во селски.

Пред се се мисли на сезонски работници кои во летниот период од годината заминуваат на море или во некоја дрга држава за да заработат.

За Македонците по подолг период, поточно од 2005 година, Велика Британија повторно ја отвори програмата за вработување на сезонски работници. Како што се наведува се работи работа во областа на земјоделието, поточно фарма, односно берба на овошје.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Платите се солидни и се движат околу 1.400 до 1.500 евра, од кои може да се заштедат меѓу 800 и 1.000 евра месечно.

Се работи 39 часа во неделата. Трошоците за стан и одредени даноци кои се плаќаат се некаде 650 евра. За нашите граѓани работната виза во Велика Британија чини околу 300 евра, а работата е обезбедена за шест месеци.

Преку една од нашите најпознати агенции, Коузон годинава на фармите во Велика Британија ќе бидат испратени 150 работници иако има можност да бидат испратени најмалку 500 работници. Првата група од 70 веќе е замината, а за втората процедурите за работна виза се во тек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *