Атовска, единствената македонска новинарка од Украина: Замислете како си го пакувате целиот живот во една кеса, да немате леб, да немате вода

  • By admin
  • април 4, 2022
  • 0
  • 286 Views

Крис Атовска во моментов е единствената македонска новинарка која известува од лице место од терен во Украина, поточно Киев.

Таа пред неколку дена преку својот профил на фејсбук сподели сведоштво за тамошната ситуација и притоа напиша:

Замислете едно утро да ве разбуди звук на силен уд ар. Замислете го шо кот кога ќе дознаете дека тоа не е обичен гром.

Замислете го стр авот во очите на вашите деца и во очите на вашите родители. Замислете како си го пакувате целиот живот во една кеса, се што сте граделе, се што сте создавале со години и години пот.

Замислете се што сте создале да стане пепел. Потоа замислете да немате леб, да немате вода. Замислете како му објаснувате на вашето дете дека мора да си легне гладно.

Замислете да стоите со часови само за вода. Замислете да спиете под земја, со уште илјадници други луѓе. Замислете меѓу нив да се движите во тотален мрак.

Замислете го чекањето ред за тоалет. Замислете да спиете на земја со месеци. Замислете го мирисот на влага под вашата импровизирана перница.

Замислете го градот пуст. После недели и недели, замислете ја радоста кога ќе дознаете дека барем една продавница е отворена и замислете го разочарувањето кога ќе ги видите сите рафтови празни.

Замислете ја прашината во вашите ноздри, на вашата кожа. Замислете да копнеете по топол туш. Замислете да не смеете да ѕирнете низ прозор.

Замислете месеци поминати без дневна светлина. Замислете да се навикнете на звук на константа дес трукција. Замислете тоа да ви биде нормално.

Замислете сето ова да не ве пл аши повеќе. Замислете единствената радост да ви биде тоа што сонцето се појавило на небото. Замислете ЕДИНСТВЕНАТА ЖЕЛБА да ви биде само да ЖИВЕЕТЕ.

Да можевте само да замислите, ќе го ценевте животот и немаше да вој увате константно без престан, во секој дел од оваа планета. Милиони луѓе низ целиот свет имаат само една желба. Да живеат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *